fbpx

Од наводен коректор на политиките на Владата, ЗНАМ се претвори во гума за бришење

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност, реакија на прес конференцијата на Горан Минчев

Денешната прес конференција на министерот за јавна администрација од редовите на ЗНАМ, Горан Минчев потврди дека и тој и неговата партија се безгласна буква во кабинетот на Мицкоски.

Минчев потврди дека како прв човек задолжен за реформите во јавната администрација не е дел од владината работна група, која треба да понуди ново решение по укинувањето на балансерот, со одлука на Уставниот суд.

Минчев потврди дека ЗНАМ е никој и ништо во Владата на Мицкоски.

Минчев потврди дека оваа Влада нема своја автентична политика.

Но Минчев потврди дека политиките на Владата на СДСМ не само што биле испрацни, туку и го трасирале вистинаниот реформски пат, според европските стандарди.

Реформата на јавната администрација ќе се одвива според Страрегијата 2023-2030 и акцискиот план донесени од Владата на СДСМ.

Последни вести