fbpx

Мицкоски сака да го партизира судството, прв на листата беше сопартиецот на Меџити

Facebook
Twitter
LinkedIn

Реакција на изјавата на Христијан Мицкоски

Христијан Мицкоски додека зборува за инсталации веќе се обидува длабоко да влезе во партизација на судството.

Прв на листа беше сопартиец на неговиот коалициски партнер Изет Меџити од Демократското движење, Адријан Демири кој пратениците на власта го изгласаа во матичната Комисија за прашања на изборите и именувањата за член на Советот на јавни обвинители.

Ова ли е реформата која ја најавува? Ова е тоа што ВМРО-ДПМНЕ го правеше порано и сака да го прави и сега.

Вистинска реформа не подразбира партиско назначување на кадри како што тоа го прави Мицкоски туку судство ослободено од прангите на неговата партија.

ВМРО-ДПМНЕ е партија која секогаш кога е на власт имала една единствена цел, ставање на судството по контрола и сега тоа го докажува на дело.

Последни вести