Соопштение за јавност
Не само што власта на Мицкоски и ДПМНЕ не презема ништо за да го намали загадувањето на воздухот туку во предложениот Буџет за 2025 година ги намали парите за животна средина, за енергетика и квалитет на воздух.
Во Министерството за животна средина има предвидено повеќе пари за вработувања, а помалку пари за заштита за животната средина, односно намалување на парите за 25%!
За квалитет на воздух исто така власта ги намалува парите од од 46.415 на 22.771 милиони денари што е намалување од 51%.
Има помалку пари за развој на енергиката, намалување од 406.331 на 243.100 милијарди денари.
Парите за гасификација се речиси преполовени, додека за енергетска трансформација нема ништо.
Мицкоски најави гасна конгенеративна централа со која ќе се намали загадувањето а во буџетот пари за тоа нема. Ја нема ниту ветената 1 милијарда евра инвестиции за намалување на загадувањето за 50%.
Со повеќе пари за плати а со помалку за животна средина нема власта поккажува дека нема намера ништо да преземе против загадувањето и граѓаните ќе продолжат да се гушат.