Соопштение за јавност
Предложениот буџет за 2025 година нема допирна точка со економската реалност во државата и Европа и прекршува две важни фискални правила: висината на јавниот долг и висината на буџетскиот дефицит, истакна пратеникот на СДСМ Митко Трајчулевски, во рамките на расправата во собраниската комисија за финансирање и буџет.
Трајчулевски нагласи дека владата манипулира, од една страна наведедува дека има за цел подобрување на макроекономска стабилност и поддршка на економската активност, а во суштина таа ја нарушува макроекономската стабилност, без основа и потреба го зголемува буџетскиот дефицит на 4 % од БДП што е спротивно на Законот за Буџетите, според кој дефицитот не смее да надмине 3% од БДП, а го зголемува јавниот долг.
Во рамките на буџетот се предвидени енормно повеќе средства во ставките за плати и надоместоци кај сите буџетски корисници. Тоа оди во прилог дека намерата на владата е масовно вработување на партиски кадри во државните институции. Уште еден очигледен факт дека ова е изборен буџет. Значително се зголемени ставките за стоки и услуги. Нешто кое секогаш беше силно критикувано од страна на ВМРО ДПМНЕ во опозиција и кое е контрадикторно со претходно наведените позиции дека ќе се води сметка за рационално трошење на народните пари, нагласи Трајчулевски.
Тој додаде дека со буџетот се намалуваат средствата за поддршка на развојот на малите и средните претпријатија од 80 милиони денари на 18 милиони и 530 илјади денари.
Од друга страна за подршка на странските инвестиции се планирани 38,6 милиони евра. Сметам дека треба значително да се зголеми подршката за малите и средни домашни претпријатија и на тој начин да се покаже грижа за домашните компании, рече Трајчулевски.
Трајчулевски налгаси дека во делот на капитални расходи, во Буџетот нема ниту еден нов капитален проект, и истите се препишани од претходниот Буџет на претходната Влада.
Најголемиот дел од овие капитални инвестиции отпаѓа на реализацијата на железничката пруга долж источниот дел на коридорот 8 и патните коридори 8 и 10д, оние кои ВМРО ДПМНЕ во опозиција ги квалификуваше како бандитски, криминални проекти, а за ВМРО на власт наеднаш станаа историски проекти.
За унгарскиот кредит, 250 милиони за општините и 250 милиони за компаниите, Трајчулевски нагласи дека станува јасно дека владата
немаше никаков концепт за користењето на овие средства.
Мислам дека сега на сите им е јасно дека е целосно погрешен пристапот за распределба на средствата согласно единствениот критериум по глава на жител. Целосно погрешна е оваа политика на владатаа со која ги стимулира побогатите наспроти посиромашните општини, нагласи Трајчулевски, додавајќи дека треба да се стимулираат помалку развиените со цел да го постигнат нивото на развој на поразвиените.
Трајчулевски истакна дека за делот на средствата кои се однесуваат на поддршка на компаниите, класично фијаско на владата.
Ниту план, ниту концепт. Замислете парите се земени, за секој изминат ден државата плаќа камата на овие средства, а парите сеуште не можат да бидат достапни на стопанството. А доколку каматата се качи над 3,25 посто граѓаните ќе треба да ја плаќаат оваа дополнителна камата. Граѓаните треба да ги плаќаат каматите на избраните компании, посочи Трајчулевски, додавајќи дека во однос на копаниите се се прави класична дисторзија и дискриминација на пазарот.
Трајчулевски нагласи и дека во овој буџет на се обезбедени средства за зголемување на минималната плата за работниците.
Замислете на овој буџет, на овој надуен балон од 6,5 милијарди евра владата не успеа да обезбеди средства за оваа категорија на луѓе. На оваа држава му требаат и капитални проекти, и инфраструктура, и енергетика, но најмногу му требаат луѓето. Сите профили, и лекари и наставници и занаетчии и неквалификувана работна сила. Затоа што ги губиме луѓето. А кога ќе ги изгубиме луѓето бадијала е се друго. Затоа уште еднаш повикувам водете сметка за луѓето, овозможете достоинствен живот за да можат да останат тука дома до своите семејства. Прифатете ги амандманите на СДСМ во овој дел, порача пратеникот на СДСМ Митко Трајчулевски, во рамките на расправата во собраниската комисија за финансирање и буџет.