fbpx

ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за почитување на законски решенија, Коце животот на скопјани им го направи пекол

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков морален кредибилитет да зборува за почитување на законски решенија и проекти.

Оваа партија и нејзиниот веќе потрошен крадоначалник, Коце Трајановски, под палката на Никола Груевски, незаконски го бетонизираа и барокизираа Скопје, менуваа урбанистички планови по потреба, градеа и пуштаа во употреба објекти без никаква дозвола, сечеа дрвја и уништуваа зелени површини. Животот на жителите на Скопје им го направија пекол, ги оставија да се гушат во чад и смог без да мрднат со мал прст.

Времињата на ова беззаконие завршуваат. По победата на 15 октомври Градот Скопје и неговите општини ќе добијат градоначалници кои што ќе градат по план, ќе создаваат нови зелени површини, ќе создаваат услови за чист воздух и здрава вода за пиење и ќе се грижат за интересите на граѓаните.

 

Скопје, 30.09.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести