fbpx

Спасовски: СДСМ бара зголемување на платите на полициските службеници и сите вработени во МВР

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ поднесе амандман за зголемување на платите на полициските службеници и на сите вработени во МВР, за 20 проценти. Со ова ќе ги мотивираме безбедносните сили, кој секогаш се на првата борбена линија во која било криза со која се соочува државата, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на комисијата за финансирање на буџет.

– Го поднесовме овој амандман затоа што во рамките на предлогот на буџетот нема сума на финансиски средства којашто обезбедува зголемување на платите. Според дописот кој го достави и македонскиот полициски синдикат, ѝ не информираа за состојбите на платите е и барањето, тие да се зголемат за 20%. Ова е прва и основна причина дека треба да се поднесе овој амандман“, рече Спасовски.

Тој потенцираше дека според направените анализи, секаде во регионот има зголемување на платите во безбедносните сили, и тоа во Црна Гора платите се зголемени за 100%, во Србија 45%, во Босна и Херцеговина 40%, Албанија за 20%, Косово за 30 проценти.

– Во изминатиот период од 7 години зголемувањето на платата беше 25 проценти, а во последните две години, кај полициските службеници за 10%. Треба да направиме се, и преку гласање на овој амандман, да покажеме дека имаме почит кон сите што е грижат за безбедноста и сигурноста во нашата земја. Никој не сака да разговара за овие служби кога условите се мирни, ама ако не вложуваме во полицијата во овој мирен период, многу скапо ќе платиме во време на криза, рече Спасовски.

Во моментот додека Спасовски зборуваше за амандманот, беше споделена информација дека се попишува Колективен договор меѓу синдикатите за вработените во генералниот секретаријат на владата и во службата за општи и заеднички работи каде им се зголемуваат платите за 30 проценти.

– Ако навистина е сега ова зголемување очекувам да видам каква согласност ќе даде заемник министерот за финансии, но мислам дека нема основа да каже дека може за служба за општи и заеднички работи да има зголемување од 30 проценти, а да нема за полицијата, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски.

Последни вести