fbpx

Спасовски: За нас нема мали и големи општини, секој е важен!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во овие стотинa дена докажавме дека во Македонија е можно да има поинакво практикување на власт, дека мора да има почит кон граѓаните и дека власта е должна да работи за граѓаните, а по победата на изборите тоа ќе се докаже и во секоја општина, порача пред граѓаните, потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски на синоќешниот митинг на СДСМ во Македонска Каменица.

„За само 100 дена покажавме како се работи во интерес на граѓаните. Ја покачивме минималната плата на 12.000 денари, ја укинавме радиодифузната такса, ја воведовме евтината тарифа на струјата, парите ги враќаме кон граѓаните и создаваме услови за подобар живот. Тој одговорен начин на работа ќе продолжи и на локално ниво по победата на изборите. Општините ќе бидат отворени и услужни и ќе работата во интерес на граѓаните.“ рече Спасовски

„За СДСМ и коалицијата, не постојат мали и големи, не постојат важни и не важни општини, за нас секој човек е важен. Затоа ја бараме поддршката во сите општини, да ја ослободиме Македонија и да го вратиме животот во секое населено место, живот за сите. Овие локални избори се битка и за обединување. Конечно да престанат делбите и затоа бараме поддршка од сите; и од старите и од младите, и од припадниците на сите заедници, секој да се вгради во промените што носат слобода во Македонска Каменица“ порача потпретседателот Спасовски.

Потпретседателот на СДСМ Спасовски рече дека кандидатката за градоначалничка на Македонска Каменица, Соња Стаменкова има програма, план, енергија и љубов да работи за доброто на општината и нејзините граѓани и затоа очекува граѓаните да и дадат силна и јасна поддршка на претстојните избори и акцијата живот за сите да продолжи.

 

 

 

Последни вести