Соопштение за јавност
Спиралата за раст на платите се отвори, економијата заживува, а постои и голем интерес за нови странски инвестиции, бидејќи испративме сигнал дека Македонија станува перспективна земја, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев во синоќешното обраќање на митингот на СДСМ и коалицијата во Делчево.
„Во декември зачекоривме по патот на слободна и среќна татковина. На 15 октовмри да покажеме дека Делчево оди напред и да направиме современи и услужни општини во кои ќе одлучуваме и живееме и работиме со гордост. Нашата цел е да ги приближиме централната и локалната власт до граѓаните за да ги подобриме услугите и квалитетот на живот, за да можете секоја работа да ја завршите на едно место, за да можат луѓето да работат и живеат блиску до своите семејства.“ порача претседателот Заев.
Претседателот Заев ги повика граѓаните на Делчево на 15 октомври, заедно и сплотени одлучно да гласаат за промени и за живот во Делчево и во Македонија.