fbpx

Шилегов вчера во Аеродром и Центар, денес во Бутел

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, од СДСМ Петре Шилегов во текот на вчерашниот петти ден од кампањата за локални избори 2017 (29-ми септември), потпиша декларација за поддршка со ВМРО-Народна партија, во општинскиот изборен штаб во општина Аеродром. Потоа, се сретна и разговараше со пазарџиите од Зелен пазар.

На кровот на ГТЦ, Петре Шилегов даде изјава за медиуми, презентирајќи ги проектите за зачувување на автентичниот лик на ГТЦ, отворен за сите. Тука, Шилегов оствари средба и со претставници на граѓанската иницијатива „Го сакам ГТЦ“.

„Ќе ги санираме штетите од досегашната негрижа и ќе направиме зелен покрив на ГТЦ, за да го надоместиме лудилото со сечење на зеленилото што ни се случи во изминативе години. Ако сами носите одлука за тоа што ќе се случува со „Скопје 2014“, ќе бидете новиот Никола Груевски. За панорамското тркало треба да се видат сите аспекти, да се види до каде е проектот. Неговото место не е во коритото на реката Вардар. Но, сè што ќе направиме, ќе направиме на најмала штета на граѓаните бидејќи тоа се вложени пари. Се надевам дека ќе успееме тој проект навремено, ако не е предалеку отиден, да го стопираме и панорамското тркало да биде таму каде што му е местото, а тоа е во забавен парк. Центарот на Скопје не е забавен парк. Овие локални избори носат нов пристап. За нас клучно ќе биде брзо да ги решаваме вашите проблеми, да обезбедиме квалитетни и ефикасни комунални услуги, ефикасен и евтин јавен превоз, децата да имаат пристојни градинки, затоплени училишта. Вашето време за нас е драгоцено, затоа администрацијата ќе биде брза, ефикасна и услужна“. истакна Шилегов.

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, оствари средби во Стопанската комора на Македонија, а во остатокот од денот ќе продолжи со кампањата од врата на врата.

Денеска, кандидатот за градоначалник за Град Скопје, Петре Шилегов ќе ја посети општина Бутел. Средба со граѓани ќе одржи пред пазарчето во Бутел, потоа ќе ги посети дуќаните и пазарчето во ТЦ Живко Брајковски, по што ќе даде изјава за медиумите пред СП маркетот во населбата.

Петре Шилегов ќе ги посети Визбегово и Љуботен, каде ќе оствари повеќе средби со граѓани.

 

 

 

Последни вести