fbpx

Шилегов од Кисела Вода: Го надоместуваме изгубеното зеленило, Водно го враќаме на скопјани

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

„Со планот за развој на Град Скопје и општините и со поддршка од централната власт Скопје ќе прерасне во европски град достоен за живот на граѓаните”, порача кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов на вечерашниот митинг во Кисела Вода,

„Целосно ќе се посветиме на проблемот на решавање на загаденоста на воздухот. Ќе воведеме принцип на задолжително надоместување на изгубеното зеленилото. Итно се зафаќаме со гасификацијата на местата коишто не се опфатени со системот на парно греење. Ќе го намалиме загадувањето и за граѓаните ќе воведеме евтин енергенс“ порача Шилегов.

Како дел од мерките за обезбедување здрава животна средина и почист воздух во Скопје, кандидатот за градоначалник Шилегов посочи дека Скопје ќе прерасне во велоград и ќе се започне со ревитализација на парк шумата Водно.

„Водно ќе го вратиме на скопјани. Водно ќе биде повторно белите дробови на нашиот град“ порача Петре Шилегов на митингот во Кисела Вода.

 

 

 

Последни вести