fbpx

Манчевски: Да го допоразиме режимот, па заедно да се посветиме на проблемите на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Ова не се само локални избори. Сега треба да го довршиме дефинитивниот пад на режимот на Никола Груевски“, порача потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски на денешниот митинг во Сопиште, на кој беше претставен кандидатот за градоначалник Далибор Богдановски и неговиот советнички тим.

Тој порача дека сега е моментот Македонија да заврти нова страница и локалната и централната власт, заеднички да се впрегнат, да се сконцентрираат на решенијата за проблемите што ги мачат граѓаните.

„Повеќе работни места, повисоки плати за луѓето, подобро образование, подобра инфраструктура, патишта, подобри канализации. Тоа очекуваат граѓаните и тоа ќе го добијат. Ги охрабрувам граѓаните да чукаат на вратата на Далибор и да бараат да се остварат нивните барања и да ја спроведе програмата што ја ветува во целост. Отворена и услужна општина за сите, тоа е нашиот концепт“, рече Дамјан Манчевски.

Тој најави силна поддршка од Владата за сите општини и проекти, за нивна целосна и ефикасна реализација и оцени дека не постои попосветен, поработлив, похрабар и поупорен човек во Сопиште од Далибор и поподобен за функцијата градоначалник.

„Овие избори се еден вид на повторен референдум. На 15 октомври ќе одлучиме дали ќе тргнеме напред и ќе заборавиме на се што ни се случуваше или ќе се вратиме во црнилото и деновите на режимот на Никола Груевски. Затоа сум цврсто убеден дека на 15 октомври граѓаните ќе го направат вистинскиот избор, гаѓаните ќе гласаат за Далибор и дека на 15 октомври конечно целосно ќе го вратиме животот за сите луѓе тука во Сопиште“, порача потпретседателот Дамјан Манчевски.

 

 

Последни вести