fbpx

ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести за кандидатите на СДСМ, во страв од изборен пораз

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Повторно ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести.

Во недостиг на идеи и страв од изборен пораз неуспешно се обидуваат да ги манипулираат граѓаните.

Златко Марин во 2009 година имал сообраќајна незгода, но фактите се сосема поинакви од лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ.

Случајот е завршен со судска пресуда во којашто стои дека и двата учесници во настанот се виновни за сообраќајната незгода. Согласно судската одлука двете лица кои учествувале во прекршокот имале иста одговорност и уредно си ја платиле казната до 26.000 денари. Златко Марин не е осуден за ништо и за тоа има поднесено соодветна потврда.

За разлика од овој законски и одговорен пристап, соработниците на Никола Груевски, Ален Зекиров и Дејан Митревски – Урко убиваа луѓе со мотори и не одговараа.

Помина времето на беззаконие во кое се дивееше по улиците и се газеа луѓе, а никој не одговараше. Доаѓа одговорна власт која ги почитува законите и тие важат за сите подеднакво.

Скопје, 27.09.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести