Соопштение за јавност
СДСМ поднесе амандман со кој бара средства за изградба на кеј на реката Треска во општина Македонски брод и со овој проект ќе се овозможи да се уреди кејот на реката Треска и ќе се формира рекреативна зона за жителите од градот, а во исто време ќе се спречи излевање на реката во централното градско подрачје, рече пратеничката на СДСМ, Даниела Николова, на комисијата за финансирање на буџет.
Заменик министерот за финансии и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, го одбија и овој амандман на СДСМ.