fbpx

ВМРО-ДПМНЕ е уплашена од економските успеси на Владата, затоа секојдневно шири лажни вести за вицепремиерот Анѓушев

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ е уплашена од економските успеси на Владата па секојдневно шири лажни вести.

Смешни се прес конференциите на ВМРО – ДПМНЕ кои се однесуваат на вицепремиерот Кочо Анѓушев. Граѓаните се изнаслушаа лаги, беа сведоци на фотомонтажи за лажни прес конференции.

Фактите лесно може да се проверат и тие целосно ја демантираат ВМРО-ДПМНЕ.

За првпат после 11 години некој објави имот онолку колку што има, без да крие ништо, ниту имот на име на роднини, или пак на оф шор дестинации. Целосна лага е дека нешто не е пријавено во анкетниот лист, вистината е дека е пријавено буквално се. Пријавени се и уделите на Фероинвест. Се е законски пријавено и до најмали детали. Сите фирми имаат име, седиште, основачи и сопственици тука во Македонија, а не на некоја оф шор дестинација.

11 години од македонската јавност се кријеа компании, се кријеа пари во даночни прибежишта. Сега кога се знае се, болката на ВМРО – ДПМНЕ е дека некој од нив ќе побара да покажат точно што стекнале и на каков начин и на крај се разбира да ги вратат парите кои ги земаа од граѓаните на Македонија.

Време е ВМРО – ДПМНЕ да се однесува како вистинска опозиција и да започне дебата со факти, а не да шири лажни вести.

 

Скопје, 24.09.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести