fbpx

ВМРО-ДПМНЕ повторно лаже, ерата на расипничко трошење народни пари заврши со заминувањето на Груевски во опозиција

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во се поочигледен страв од извесниот пораз на локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ продолжува секојдневно да шири лажни вести.

Министертвото за транспорт и врски целосно ги демантира лагите што ВМРО-ДПМНЕ денеска ги изнесе.

Ерата на расипничко трошење на парите на граѓаните за скапи вечери, ноќевања, пијалоци, јајца од јапонски потполошки, козметика и облека, заврши кога Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ заминаа во опозиција.

За разликата од ерата на ВМРО-ДПМНЕ, државните институции денес работат одговорно, отчетно и професионално, а парите на граѓаните се користат за повисоки плати и пензии, поголема помош за земјоделците и поголема државна поддршка за претпријатијата.

Скопје, 23.09.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести