Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ продожува да ја манипулира јавноста и да шири лажни вести.
Лага е дека просечната плата се намалува.
Споредбата на просечната плата се прави на годишно ниво, а не на месечно ниво како што прави ВМРО-ДПМНЕ.
Вистината е дека просечната нето плата во месеците јуни и јули 2017 година се зголемила за 2% во однос на истиот период, минатата година!
ВМРО-ДПМНЕ манипулира со весели безмислени комбинаторики и со некакви споредби на месечно ниво. Во периодот мај и јуни карактеристични се сознските движења на работната сила.
Никој повеќе не верува во лагите на најбогатата партија ВМРО-ДПМНЕ неплаќач на данок чијашто криминална ера на владеење заврши!
Скопје, 22.09.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА