fbpx

Трајчулески до Мицкоски: Или пак ќе прислушкувате или се сомневате во граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Трајчулески до Мицкоски: Или пак ќе прислушкувате или се сомневате во граѓаните

Партизацијата на Советот за граѓански надзор над следењето на електронските комуникации и работата на безбедносните служби покажува дека или планирате повторно да прислушкувате или се плашите од граѓаните, рече пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески во прашање до премиерот Христијан Мицкоски.

– Грубата партизација на сите јавни должности чие именување или избор зависат од волјата на мнозинството продолжија и во Советот за граѓански надзор над следењето на електронските комуникации и работата на безбедносните служби. Сите членови на ова тело се партиска испостава на владејачката коалиција, поранешни пратеници или истакнати партиски активисти. Небаре избирате општински комитет, а не граѓанско тело. Ова укажува на најмалку две претпоставки, или планирате повторно да прислушувате како во времето на режимот, или сте почнале да се сомневате во довербата на граѓаните и затоа не ризикувате со автентични граѓански решенија, туку играте на сигурно со „хард кор“ партиски именувања. Класичен упад во надзорот на мерките за следење на комуникациите, рече Трајчулески.

Последни вести