Соопштение за јавност
Филипче: Заканите кон судиите и обвинителите ја загрозуваат независноста на правосудниот систем
Претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Венко Филипче во интервју за емисијата „360 степени“, истакна дека реформските процеси во земјата во сферата на правосудството се закочени од власта чија единствена е цел е партизира на истражно судските институции во државата. И борбата со корупцијата и криминалот на ВМРО ДПМНЕ резултираше со празни прес-конференции без конкретни резултати. Лидерот на опозицијата, Филипче во интервјуто потенцира дека СДСМ, би поддржала реформи во правосудството, но тие треба да се темелат на препораките на Европската Унија.
ВМРО ДПМНЕ со доаѓањето на власт ја користеше партиската говорница и најавуваше расветлување на епски криминали, анализи на тендерски постапки, но јавноста не виде некаков резултат од борбата со корупцијата и криминалот.
„Се анализираа постапки, се анализираа тендери се најавува, се најавуваше некаков епски криминал се заврши со некои потрошени двесте евра од картичка поради изгубен багаж кој што после се вратени во буџетот. Сметам дека Христијан Мицковски иницира опасна тенденција со своите постапки, кои можат да доведат до нарушување на независноста на судството“-вели Филипче за ‘360 степени’.
Тој е дециден дека секој кој се огрешил пред законот треба да одговара, но предупредува дека заканите од владејачката гарнитура кон судиите и јавните обвинители може да влијае на нивната независна работа, што води до партизација на судството и обвинителството, а тоа се коси со реформите кои треба да се спроведат час поскоро.
„Да не ме разберете погрешно апсолутно треба да се истражи се што е сомнително, и да одговара секој кој што го прекршил законот меѓутоа најави и упад во судството на овој начин на којшто сега владата го прави со тенденција да се влијае на работата на независни судски обвинителски органи, тоа според мене води кон партизација на судството. Имаше најава дека ќе се прават реформи, ние имаме пат по којшто реформите во правосудството треба да одат, а се резултат на оцените на мисијата на Европската Унија. Тие забелешки се влезени во реформската агенда во Планот за раст и тоа е патот по којшто ние треба да одиме за да се реформира правосудството“-вели Филипче во интервјуто.
Филипче истакна дека СДСМ ќе даде поддршка за реформи кои ќе вклучуваат странски експерти и инвестиции во едукација на правосудните работници, во согласност со критериумите на Европската Унија.
„ Ние најавивме пред повеќе месеци дека ќе поддржиме секаква реформа во правосудството во којашто ќе бидат вклучени странски чинители коишто учествувале во различни реформски процеси, инвестиција во едукација на луѓе кои што работат во правосудството и тоа ќе биде нашиот пристап кон Европската Унија. За жал, тоа што го гледаме денес не се реформски процеси, туку закани и обиди за распуштање на совети за што Европската Унија веќе предупреди дека ќе доведе до поголема партизација на судството.“-истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче.