fbpx

Каранфиловска Пановска: Тргнуваме на терен до целосно обединување на СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Каранфиловска Пановска: Тргнуваме на терен до целосно обединување на СДСМ

Процесот на возобновување на СДСМ интензивно тече, се избра ново раководство, во тек е избор на локални раководства и тој процес ќе финишира до крајот на годината, а новото раководство на терен и посветено ќе работи за тоа, рече заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфиловска Пановска во интервју за емисијата „Клил плус“ на ТВ21.

-Во моментов во СДСМ по Конгресот на којшто беше избран новиот Централен одбор, бев избрана јас како заменик претседателка, новиот генерален секретар, четири потпртседатели, членовите на Извршниот одбор, претстои процес во којшто треба да бидат избрани раководставата на Општинските организации низ целата држава, вклучително сите нивни органи, значи претседателите, нивните ИО, комисии итн. Тој процес треба да финишира до крајот на оваа година, тогаш ќе можеме да кажеме дека и на централно ниво и на локално ниво партијата е комплетно консолидирана, и процесот на целосно возобновување на партијата е завршен, нагласи заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска.

СДСМ започнува интензивни теренски активности, со посети на сите општински организации, најави Каранфиловска.

-Ќе бидеме присутни на терен, ќе ги слушнеме сите наши членови во наредните неколку месеци, рече таа .

Во врска со нејзиниот избор на функцијата заменик претседателка на СДСМ Каранфилова Пановска, истакна дека процесите, работите, со коишто се занимава граѓанското општество се слични на она со што се занимаваат политичките партии, кои се исто така една форма на граѓанско здружување и работат за интересот на граѓаните.

-Сметав имам обврска пред самата себе, пред граѓаните и државата на се ангажирам и да бидам дел од процесите ако сакам нешто да се промени. Секогаш е полесно да стоите настрана и да коментирате отколку да ја преземете одговорноста и да се обидете да направите нешто, нагласи Каранфилова Пановска, додавајќи дека со нејзиниот избор можеби дури и граѓанското општество, граѓанските организации, граѓаните генерално ќе почувствуваат дека во партијата имаат некаков поголем сојузник и партнер за прашањата за коишто на вредносна и на принципиелна основа се согласуваат.

-Мојата главна амбиција и зошто се нафаќам на оваа работа е затоа што сметам дека СДСМ треба да се возобнови и да прерасне во една вистински граѓанска опција и знаењето и искуството, вклучително и мрежите што ги носам и дома и надвор од границите на државата, мислам дека можат да бидат една голема предност во оваа ситуација, истакна заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска, за емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Последни вести