Соопштение за јавност
Почитувани,
ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека новата Влада предводена од СДСМ успешно и плански работи, управува и раководи со јавните финансии и затоа секојдневно пласира лажни вести и се заплеткува во лажни измислени бројки.
ВМРО-ДПМНЕ не може да се одлучи со која бројка да ги излаже граѓаните и јавноста, па манипулира со бесмислени математики и собира раздолжувања и задолжувања.
Граѓаните и јавноста повеќе не веруваат во лагите пласирани од ВМРО ДПМНЕ партијата неплаќач на данок.
Новата Влада за само сто дена ги рационализираше трошоците и одговорно и транспарентно управува со јавниот долг, што ВМРО-ДПМНЕ го направи заради криминални интереси. Задолжувањето се одвива со помала зачестеност и по поповолни каматни стапки, што не беше случај претходно.
Со таквите успешни политики, за првпат по 2008 година јавниот долг е намален.
Граѓаните и јавноста можат многу лесно да ја следат состојбата со јавниот долг на веб страницата на Министерството за финансии и НБРМ кадешто редовно се ажурираат релевантни вистинити бројки за нивото на јавен долг.
Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ, партијата што 11 години ги задолжуваше и осиромашуваше граѓаните, денес да ги оспорува економските политики на Владата предводена од СДСМ која ги скрати трошоците и започна со враќање на повеќе пари кај граѓаните
Скопје, 15.09.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА