fbpx

Јакимовски го прекрши Изборниот законик очајнички обидувајќи се да им се додовори на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

За жал, во 2017 година, во Карпош сѐ уште има руинирани градинки и има недостаток од сместување за најмладите карпошани.

Откако СДСМ вчера ги обелодени лошите услови во градинката Мајски цвет, откако беше обелоденето дека Стевче Јакимовски со години ги лажеше граѓаните и им ветуваше изградба на нова градинка во населбата Бардовци, продолжената рака на Никола Груевски и градоначалник во заминување, денеска побрза да удри камен-темелник на новата градинка „Аврам Писевски“ во оваа населба.

За ваквите незаконски активности на Јакимовски, спротивни на Изборниот законик (член 8а) СДСМ ќе поднесе соодветна пријава.

Јакимовски нема да успее да ги прикрие штетите што им ги нанесе на граѓаните со неговото неодговорно, расипничко и коруптивно владеење со општина Карпош. Јакимовски ќе се соочи со својата политичка и правна одговорност за своите постапки, а граѓаните на Карпош по изборите ќе добијат нова услужна, одговорна и отчетна власт предводена од СДСМ која ќе работи во интерес на граѓаните и општината.

Градинките во општина Карпошт ќе ги изгради новата локална власт предводена од СДСМ. Се обврзуваме пред граѓаните на општина Карпош, по преземањето на локалната власт на 15 октомври, целосно и темелно да ги реконструираме градинките „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1, градинката во Влае 1 и да изградиме две нови градинки. Една во Влае 2, на местото до училиштето „Димо Хаџи-Димов“, и една која со години е дел од лажните ветувања на Стевче Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е градинката во Бардовци до училиштето „Аврам Писевски“.

 

Скопје, 13.09.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести