Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски немаат капацитет да сфатат дека со лажните вести нема да избегаат од убедливиот пораз што ги очекува на претстојните локални избори.
Граѓаните одамна се свесни дека населувањето и вработувањето мигранти и бегалци посотои само во пропагандата на Груевски. Македонија е и ќе остане само транзитна земја. За да се докаже апсурдноста и бесмисленоста на пропагандата на Груевски, СДСМ веќе јавно соопшти дка ќе гласа За на претстојните референдуми кои случајно или не, се организираат само онаму каде што ВМРО-ДПМНЕ знае дека убедливо ќе загуби.
Граѓаните повеќе не му веруваат на Груевски кој од една страна глуми загриженост за граѓаните, а во меѓувреме се противи тие да добиваат повисока минимална плата. Граѓаните повеќе не му веруваат на ВМРО-ДПМНЕ кое додека шири лажна грижа за економијата, одбива да плати данок кон државата.
Затоа, на претстојните избори, граѓаните на Груевски и на крадоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ќе им ја испорачаат фактурата за нивното децениско коруптивно и расипничко владеење со што ги осиромашија граѓаните и државата.
Скопје, 11.09.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА