fbpx

Никола Груевски е против зголемена минимална плата за работниците од 12.000 денари, затоа шири лажни вести

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Очигледно е дека Никола Груевски не може да поднесе работниците да добиваат повисока минимална плата од 12.000 денарии и повеќе пари од буџетот да завршуваат назад кај граѓаните.

Граѓаните денеска слушнаа дека Никола Груевски е против зголемување на минималната плата за работниците од 12.000 денари. Затоа шири лажни вести.

Додека Груевски договараше провизии, плацеви на Водно и други матни здлеки, Македонија, во изминатите 11 години стигна до дното во регионот и Европа, со најниска минималната плата.

Неправдите и штетите што Груевски им ги нанесе на работниците навремено и одговорно ги санира Владата предводена од СДСМ.

Владата предводена од СДСМ овозможи работниците да добијат покачување на минималната плата на 12.000 денари. Дополнително овозможи и намалување на трошоците за живот, преку укинување на радиодифузната такса, враќање на евтината дневна тарифа на струјата, намалени катастарски трошоци до 50%, со што се подобрува животниот стандард на граѓаните и повеќе пари остануваат во семејните буџети.

Затоа на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ, единствената партија којашто не плаќа данок во земјава, никој повеќе не им верува, ниту пак на нивните измислени лажни вести.

Скопје, 11.09.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести