Референдуми на непосточеки теми нема да го спасат ВМРО-ДПМНЕ од пораз на локалните избори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ниту еден референдум за непосточеки прашања нема да го спаси ВМРО-ДПМНЕ од тешкиот пораз што ќе го снајде на локалните избори кога граѓаните ќе го казнат за досегашното криминално, расипничко и антидржавно функционирање.

Граѓаните ги препознаа лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ и знаат дека населувањето и вдомувањето на бегалци, постои само во пропагандата на Никола Груевски. Македонија беше и ќе продолжи да биде земја транзит за бегалци, а најдобар доказ за тоа е тоа што досега низ Македонија имаат транзитирано над 1 милион бегалци, а од нив само 15 лица останале на привремен престој во државата.

Референдумите се врвна демократска вредност и треба да се користат за клучни прашања од интерес на граѓаните, а не за измислиците и лагите на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

За да се докаже апсурдноста и бесмисленоста на пропагандата на Груевски, СДСМ веќе јавно соопшти дка ќе гласа За на претстојните референдуми кои случајно или не, се организираат само во оние општини каде што ВМРО-ДПМНЕ знае дека убедливо ќе загуби.

Но, никој нема право да ја спречува слободата на политичкото изјаснување на граѓаните.

Скопје, 09.09.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА