Соопштение за јавност
Каранфилова Пановска: ВМРО-ДПМНЕ по доаѓањето на власт ги зголемува проблемите
ВМРО-ДПМНЕ се нема отрезмето од изборната победа и не е свесно дека е власт во Македонија и тоа власт, којашто располага со безмалку 2/3 во Собранието и којашто ситуација и позиција и дозволува да може да ги прави сите структрутни реформи, за коишто се бара 2/3 мнозинство вклчително и реформите судство, а тоа се огледува и на терен, истакна заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска во емисијата „Стадион“ на радио Канал77.
Каранфилова Пановска нагласи дека проблемите по доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ само се зголемуваат и се мултиплицрраат.
Во изминативе 5 месеци од владеење на ВМРО-ДПМНЕ, освен што се прават сериозни упади во независноста на институциите, коишто имаат обврска да бидат check and balances на извршната власт, пред се на второстепените комисии, чии мандати не се истечени, а коишто со интерветна измена во законите, идејата е да се променат мандатите на актуелните членови да се променат, кои намерно со законите траат 5 години, за да не се преклопуваат со мандатот на извршната власт сега со измени се променти составите на овие комисии, за што не гледам кој е мотивот освен да тие комисии се полнат со нивни луѓе, рече Каранфилова Пановска.
Како многу сериозна работа, Каранфилова Пановска го посочи именувањете на првиот човек на АНБ кој за жал, не ги исполнува ниту критериумите од повикот, за да ја држи таа позиција, како и идејата на ВМРО-ДПМНЕ да ги спојува сите безбедносни институции во една и од тоа да прави гломазен правен субјект, којшто треба да ја грантира безбедноста на државата, при тоа да ги наруши сите реформски зафати што беа преземени во делот на безбедносните структури, по скандалот, односно сериозното нарушување на човековите права со прислушкувањето, што беше обзнането во 2015 година.
Тоа што како систем беше воспоставено, за да не може да има монопол врз вистината и да врши врз злоупотреби на правата на граѓаните и да служи како инструент за понатамошен политички прогон на неистомисленици, што беше случај претходно, сега гледаме враќање на тоа едно исто сценарио, налгаси Каранфилова Пановска, додавајќи дека со фузирањето на безбедносните институции ќе се случи упад во безбедносните структури, да притоа никој освен премиерот, нема надлежност, се одземаат надлежностите на претседателот на државата.
Ако на ова, за што имаме сериозна загриженост се додаде тоа што се случува во судскиот совет, кадешто Мицкоски имаше најави дека ќе оди со комплетно распуштање и на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители, што впрочем е пишано и во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, кое што се коси со било каква здрворазумска логика, за тоа која е улогата и надлежноста на извршната власт и на судската власт, очигледни се нови тенденции за воспоставување на режимски начини на вледење во оваа држава, нагласи Каранфилова Пановска.
Таа додаде дека клучна е блокадата на европскиот пат и одземањето на на европската перспектива на македонските граѓани.
За тоа владата на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски имаат сериозна одговорност, затоа што одземањето на европската перспектива во наш контекст на мултиетничко општество, во општество во кое како што гледаме институциите не се кадарни да се справат со предизвиците и да ја вршат својата компетенција независно, значи директен удар по опстанакот, равојот и напредокот на државата, рече Каранфилова Пановска.
СДСМ ќе има сериозна задача и предизвик да секојдневно работи на разобличување на овие појави на комуникација на што се случува и зашто тие феномени значаат повреда, без разлика дали е владеење на правото, поделбата на власта, човековите права, на граѓаните да им објасниме, за да се демаскираат и да се дообјаснуваат некои работи што значи тоа виза-ви демократијата, што значи тоа виза-ви независноста на институциите, што значи тоа виза-ви начините на коишто се демонстрира власта, порача заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска во емисијата „Стадион“ на радио Канал77.