Соопштение за јавност
Сеењето страв, злоупотреба на институциите, притосоците, нарачувањето апсења и рушења објекти, тегнењето за уши беа само дел од широката палета на методи на присила што ВМРО-ДПМНЕ ги користеше за време на нивното владеење.
ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓивски треба да се помират со фактот дека времето на злоупотреби на институциите заврши кога тие заминаа во опозиција. Очајнички се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку ширење лажни вести да го подигнат моралот на нивниот лидер Никола Груевски. Лажните вести и манипулации нема да и помогнат на опозициската партија да го избегне извесниот убедлив пораз на локалните избори.
Државните институции се професионализирани и ослободени од криминалните стеги на Никола Груевски и Сашо Мијалков. Претстојните локални избори за прв пат после неколку години ќе бидат целосно фер, слободни, регуларни и ќе ја одразат вистинската изборна волја на гласачите. Секој кој ќе работи спротивно на законот ќе одговара за своите постапки без разлика на неговата партиска определба или општествена функција.
Владата предводена од СДСМ продолжува да работи отворено, чесно, професионално и единствено во интерес на граѓаните.
Скопје, 09.09.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА