fbpx

Заради криминалните апетити на Тодоров и Груевски, здравството тонеше во долгови, Владата предводена од СДСМ го унапредува здравството

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Лицемерна и лажна е загриженоста на ВМРО-ДПМНЕ за состојбата во здравството, бидејќи сите ги чувствуваат последиците од катастрофалните штети што ВМРО-ДПМНЕ ги направи во здравствениот систем. Никола Груевски, Никола Тодоров и ВМРО-ДПМНЕ оставија пустош во здравството, руинирани болници, понижени пациенти и лекари, не употреблива опрема и огромни долгови на здравствените установи.

По радикриминалното и расипничко владеење на Тодоров и Груевски, сите здравствени установи во Македонија тонеа во милионски долгови. Клиничкиот центар во Скопје должи 3 милиони евра, бидејќи цели 10 години не се плаќале сметки за вода, а Градската општа болница „ 8 ми септември“ има вкупен долгод 5 милиони евра.

Владата предводена од СДСМ стави крај на таквото криминално, коруптивно и расипничко работење во здравството. Преку кратењето на не продуктивните трошоци за луксуз, барок, споменици и криминални тендери, се ослободија повеќе пари со кои се санираат штетните последици од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и се спроведуваат мерки што го опоравуваат и унапредуваат здравствениот систем во интерес на сите граѓани.

Скопје, 09.09.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести