fbpx

СДСМ: „Новогодишната кошничка“ е нова измама од ВМРО-ДПМНЕ врз грбот на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ: „Новогодишната кошничка“ е нова измама од ВМРО-ДПМНЕ врз грбот на граѓаните

„Новогодишната кошничка“ е уште една во низата манипулации на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Како и „есенската кошничка“, која граѓаните сами ја разобличија дека не донесе никакво намалување на цените – напротив, некои производи дури и поскапеа – така и сега, со истите празни ветувања, власта се обидува да ги прикрие своите неуспеси да го заштити стандардто на граѓаните.

Владата свесно остави простор на трговците да ги покачат цените на основните производи, за сега, со наводното „намалување“, граѓаните повторно да плаќаат исто или повеќе. Јајцата, кои неодамна чинеа 75 денари, сега се продаваат за 90 денари. Зејтинот поскапе од 82 на 89 денари, а цената на кашкавалот достигна речиси 500 денари за килограм – речиси 70 денари повеќе од претходно. Ова не е грижа за граѓаните, ова е свесна манипулација за заштита на интересите на трговците, додека народот едвај врзува крај со крај. Додека пензионерите, работниците и семејствата со минимални приходи се соочуваат со дилемата дали да купат храна, да платат сметки или лекови, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ уживаат во удобноста на високи плати и луксуз.

СДСМ ја предупредува јавноста дека оваа Влада нема ниту резултати, ниту решенија за кризата. Наместо да се потпре на веќе проверени мерки кои дадоа резултати и вистински ги намалија цените на производите во време на владата на СДСМ, тие продолжуваат да ги штитат трговците.

Последни вести