fbpx

ДПМНЕ не прифати ниту еден амандман на СДСМ за Буџетот – ова досега се нема случено

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност 

ДПМНЕ не прифати ниту еден амандман на СДСМ за Буџетот – ова досега се нема случено

Почитувани граѓани,

Власта на ДПМНЕ води политика на инает и не прифаќа ниту еден предлог на опозицијата за подобрување на животот на граѓаните, за поголеми плати, за почист воздух, за проекти низ општините.
Ниту еден амандман на СДСМ во собраниската комисија ДПМНЕ не прифати, што досега се нема никогаш случено во историјата на македонското Собрание.
-Одбиени се амандманите за поголема плата за работниците,
-Одбиен се амандманите за покачување на платите на полицајците за 20%,
-Одбиен е амандманот за зголемување на платите на пожарникарите,
-Одбиен е амандманот за поголеми платите во образованието.
Се што е предлог за покачување на плати го одбива. Мнозинството враќа моделот во кој работниците ќе бидат само евтина работна сила.

Според податоците од Државниот завод за статистика, животниот стандард на граѓаните се влошува, сиромаштијата расте. Четиричлено семејство има потреба од 62.021 денари месечно за основни трошоци.

Сето ова се индикатори дека народот има се помалку пари во џебовите.
Работниците, полицајци, наставниците, пожарникарите, заслужуваат почит, достоинство и фер плати.
Од друга страна додека ДПМНЕ одбива амандмани за поголеми плати во исто време ги зголемува парите во буџетот за мебел и луксузни возила за функционерите.
За нови возила ќе се потрошат 7,5 милиони евра, за нов мебел 1,5 милиони евра, за договорни услуги 80 милиони евра.
За службени возила и луксуз за дури 75% од парите се зголемени. Тоа се приоритетите на новата власт.

Во исто време, владејачкото мнозинство ги одбива и амандманите за еколошки проекти во општините, за набавка на автобуси, за реконстукции на улици. Буквлано се одбива секој предлог на опозиција за пректи кои се важни за граѓаните.

Само неколку примери:
Одбиен е амандманот за пречистителна станица во Валандово и колекторскиот систем во Дојран, одбиени се амандманите за набавка на еколошки автобуси, за улицата Ленинова, за намалување на загадувањето, за локални патишта до Демир Хисар, за клучката кај Брвеница….

Пред нас е пленарната седница и апелираме власта да се вразуми, да го прекине овој политички инает и да ги прифати амандманите кои се во интерес на сите наши граѓани.
Пратениците на ДПМНЕ треба партиските директиви да ги заменат со ставање на интерсот на граѓаните на прво место, да покажат интегритет и да делувата за граѓаните а не за партијата.

Последни вести