Соопштение за јавност
Цените продолжуваа да растат, народот им се помалку пари во џебовите.
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во ноември цените на производите се повисоки за 4 отсто а годишната инфлација е 4,3 отсто, повисока од претходно.
За една година најголемо поскапување од храната има кај зеленчукот од 15, 6 проценти, потоа кај млекото, сирењето, јајцата, кај безалкохолните пијалаци, кафето, чајот, какаото, месото.
Кај дел од овие производи е забележано поскапување и во однос на месец октомври.
Ова е најголем доказ дека власта на Мицкоски и ДПМНЕ водат погрешни екоономски политики додека граѓаните секојдневно се борат да врзат крај со крај.
Цените отидоа до плафот а Мицкоски мува не го лази.