fbpx

Крадоначлниците од ВМРО-ДПМНЕ можат да понудат само деструкција и криминал

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Досегашното владеење на крадоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ покажа дека тие работат на штета на граѓаните и исклучиво во интерес на Никола Груевски.

Со кандидирање на осудени и осомничени лица и личности што работеле во личен и во интерес на партијата, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш докажа дека не работи за доброто на граѓаните, туку единствено за криминално богатење на Груевски и раководството.

Кандидирањето на актуелниот крадоначалник на Прилеп, Марјан Ристески, осуден бидејќи работел на штета на општината, покажува дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се извлече од стегите на Груевски и неговите криминални соработници.

Пресудата за Ристески, пресудата за изборен поткуп против градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, како и подигнатото обвинение против Владимир Талевски, градоначаникот на Битола кој се товари за криминал тежок 360 000 евра народни пари, се само мал доказ за незаконското работење на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво.

Освен деструкција, криминал и корупција, ВМРО-ДПМНЕ веќе не може ништо да им понуди на граѓаните.

На претстојните избори на кои СДСМ е асполутен фаворит, граѓаните ќе изберат нова локална власт којашто ќе работи чесно, домаќински и во интерес на граѓаните.

Новата локална власт предводена од СДСМ ќе биде услужна, подеднакво посветена и отворена за сите граѓани.

Скопје, 06.09.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈ

Последни вести