fbpx

Лажните анкети на фантомскиот институт „Павел Шатев“ служат само за да му го чуваат стравот на Груевски од извесниот пораз на изборите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Нарачаните анкети од фантомски партиски институти нема да им помогнат на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да го избегнат извесниот пораз на претстојните локални избори. Никој повеќе не верува во анкетите на фантомскиот институт „Павел Шатев“ кој е затворен пред неколку месеци.

Граѓаните одамна ги препознаа новите политики и вредности на Владата предводена од СДСМ и ги чувствуваат придобивките од спроведените мерки што носат квалитетен живот, отворени институции и повеќе пари во семејните буџети.

Јавноста повеќе не верува во нарачни и наместени анкети од партиски институти што служат единствено за да му го чуваат стравот на Груевски од претстојниот пораз на изборите, на кои мнозинството ќе ја поддржи чесната понуда на кандидати на СДСМ и ќе стави крај на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво.

Скопје, 06.09.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести