fbpx

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што Владата предводена од СДСМ го унапредува животниот стандард на сите граѓани

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Не постои поштетно и поголемо задолжување од она што ВМРО-ДПМНЕ им го направи на граѓаните, а се со цел да се задоволат криминалните апетити на Никола Груевски и неговите соработници.

Не постои порасипнико трошење на парите на граѓаните од она што ВМРО-ДПМНЕ го правеше 11 години кога буџетските пари се трошеа на скапи ручеци и вечери, претплатени споменици, врби, палми и панорамски тркала, додека државата тонеше во долгови а околу 180 000 граѓани егзистираа со по 40 денари дневно.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири што Владата предводена од СДСМ работи домаќински, одговорно и што за првпат после 2008 година го намали јавниот долг што го оставија Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Очигледен е и стравот во опозициската ВМРО-ДПМНЕ од извесниот пораз на локалните избори, кога граѓаните ќе стават крај на коруптивното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и на локално ниво.

Скопје, 03.09.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести