Соопштение, реакција на прес конференцијата на ДПМНЕ
Зошто ДПМНЕ го пушти Груби?
За разлика од ДПМНЕ, СДСМ нема да изигрува ниту судија, ниту обвинител, ако има некакви сознанија за злоупотреби од било кого, постојат надлежни институции и органи кои во законска процедура треба да постапуваат.
Но, клучното прашање е зошто ако знаеле го пуштија Груби слободно да помине граница?
Толку ли вреди договорот на ДУИ со ДПМНЕ којашто допрва треба да испорачува фактури.
Вакви или слични дилови со ДУИ, ДПМНЕ прави цело време. Хашките случаи, т.е. толкувањето на законот којшто заедно го усвоија ДПМНЕ и ДУИ дозволи амнестирање на дела кои се подведуваат под квалитатив Злосторства против човештвото.
Со тој дил ДПМНЕ ги предаде жртвите на тортура и нехуман третман кои доминантно беа Македонци.
Ништо не го пере ДПМНЕ за тоа што му озоможија на Груби слободно да ја напушти земјата преку граничниот премин Блаце.
Границата кон Косово ДПМНЕ ја сведе на решето за слободно поминување на криминалци и терористи.
Наместо смешни прес конференции ДПМНЕ да го повика Тошковски да понесе одговорност и да поднесе оставка.