fbpx

Ескалира палењето автомобили во Прилеп, СДСМ бара итна седница на општинскиот Совет

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција на Александар Китаноски, член на Советот на Општина Прилеп од СДСМ и Коалицијата

Ескалира палењето автомобили во Прилеп, СДСМ бара итна седница на општинскиот Совет

Почитувани,

Од моментот кога за началник на ОВР – Прилеп и командир на прилепската Полициска станица беа именувани кадри на ДПМНЕ, Прилеп стана опасно и небезбедно место за живеење.

Во тој период, за нецела година во нашиот град запалени се 18 патнички и товарни моторни возила, опожарен е ноќен клуб, во двор од куќа е фрлена бомба, во друга е поставена експлозивна направа, а угостителските објекти станаа мегдан за насилство и оружени пресметки.

Игнорирајќи ја алармантната безбедносна состојба во Прилеп, локалната власт на ДПМНЕ ги доведе во опасност животите на нашите сограѓани.

И покрај ветувањето на претседателката на Совет на Општина Прилеп, Ирена Стерјовска Локвенец, дека на седницата закажана за четврток 26-ти декември, ќе го стави на дневен ред барањето на нашата советничка група за поднесување Информација за актуелната безбедносна состојба во градот од страна на ПС од Општа надлежност – Прилеп, тоа не се случи.

Од тие причини, советничката група на СДСМ и Коалицијата денеска до Стерјовска Локвенец достави барање за свикување Итна седница на Советот на Општина Прилеп.
Бараме, Итната седница да биде закажана за утре, среда 25-ти декември, на која единствена точка на дневниот ред би била расправа за нарушената безбедносна состојба во општина Прилеп.

Враќањето на мирот и безбедното живеење, за прилепчани нема алтернатива!

Последни вести