fbpx

Милионските штети на автопатите за Груевски се незначајни, Владата ги санира последиците од коруптивното владеење на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Милионските дупки што токму Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги оставија во инфраструктурата, на штета на граѓаните, за Груевски се минимални и незначајни. Бесрамниот Груевски за минимални и незначајни ги прогласи проголтаните 100 милиони евра како и милионските провизии земени токму за автопатот што денеска го посети.

Застојот во изградбата на автопатот Кичево-Охрид е само поради сериозните пропусти и огромни грешки на поранешната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Свесно, овие пропусти и крупни грешки со години се криеа од граѓаните и од јавноста.

Затоа Никола Груевски го чека соочување со одговорност за сите криминли во изминатите 11 години.

Во интерес на граѓаните Владата предводена од СДСМ ги надминува напластените проблеми како за овој така и за други патни правци и инфраструктурата во земјава воопшто.

Преку одговорна и посветена работа и преку потпишување на неколку значајни договори во инфраструктурата, Владата предводена од СДСМ, ја развива и модернизира инфраструктурата и го враќа меѓународниот углед на државата што ВМРО-ДПМНЕ со години го урнисуваше.

Скопје, 27.08.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести