fbpx

Во страв од извесниот пораз на локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ пласира лажни вести за поскапување на цената на струјата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во страв од обелоденувањето на криминалите што кадрите на ВМРО-ДПМНЕ ги правеле во енергетските компании и во паника од извесниот убедлив пораз на локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да пласира лажни вести во кои никој повеќе не верува.

Ниту една лажна вест на ВМРО-ДПМНЕ за наводно поскапување на струјата, нема да го смени фактот дека наскоро граѓаните повторно ќе можат да користат дневна евтина тарифа на струјата по два часа секој ден. Токму ВМРО-ДПМНЕсо своето коруптивно владеење ја укина евтината тарифа на струјата преку ден, а цената на електричната енергија ја зголеми за 100% во последните 11 години.

Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на реформите што го подобруваат квалитетот на живот, носат повисоки плати и обезбедуваат враќање на парите назад кај граѓаните. Со користењето на евтината дневна и викенд тарифа на струјата граѓаните ќе имаат можност да заштедат и со тоа ќе имаат пониски сметки за струја.

Скопје, 27.08.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести