Соопштение за јавност
Од што се срамат Дејан Митески и ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром?
ВМРО-ДПМНЕ го сокри видео материјалот од директниот пренос од вчерашната 51 седница на Советот во Општина Аеродром. Тоа е седницата на која мнозинството го усвои последниот, четврти буџет, откако ДПМНЕ управува со Општина Аеродром.
Јавно го прашуваме в.д. градоначалникот Дејан Митески, од што се срами и зошто го крие видео материјалот кој веќе не е достапен на Youtube каналот на Општина Аеродром?
Дали затоа што ветените 14 милиони евра од унгарскиот кредит на Владата во Буџетот на Аеродром за 2025 се сведоа на помалку од 3 милиони евра?
Дали затоа што во Буџетот за 2025 се гледа дека за 4 години изградија точно 0 од ветените 4 градинки во Мичурин, Острово, Лисиче и Долно Лисиче?
Дали затоа што и во Буџетот за 2025 се гледа дека и оваа година во Аеродром нема да се изгради ниту една нова улица, ниту една нова велосипедска патека? Или затоа што по четврти пат беше одбиен амандманот на СДСМ за изградба на тартан патека на територија на Аеродром?
Дали затоа што за 4 години изградија точно 0 од ветените 3.000 нови паркинг места? Или затоа што се одбиени амандманите на СДСМ за изградба на паркиралишта во Стар Аеродром и Ново Лисиче?
Дали затоа што во Буџетот за 2025 десеткратно се зголемени средствата предвидени за компјутерски софтвер?
Дали затоа што 4 години не ја зголемија еднократната помош за новороденче од 8.000 на 20.000 денари? Најмалку 4 пати во текот на овој мандат е одбиен амандманот на СДСМ кој овозможува реализација на ова нивно ветување.
Дали затоа што го одбија амандманот на СДСМ со кој се предвидува зголемување на еднократната парична помош за прваче од 3.000 на 5.000 денари?
Дали затоа што се дозна дека во 2024 година за прв пат во Општина Аеродром не е одобрено ниту едно барање за еднократна парична помош за социјално ранливите категории на граѓани? Или затоа што се намалени овие средства и во Буџетот за 2025?
Дали затоа што Општина Аеродром доби нов претседател на Советот, таман претходниот научи течно да чита?
Господа од ДПМНЕ, овој срам не може да се сокрие со криење на видеата од седниците на Советот од кои се гледа како молчите пред аргументите на опозицијата. Трпението на граѓаните е при крај.
Разочарувањето од неспособноста на Муцунски и Митески е огромно. Сметката за ваквата невидена неспособност ќе биде испорачана на избори.