Соопштение за јавност
Резултатите од расипничкото владеење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ на централно и локално ниво изминативе години се корупција, криминал, расипништво, криминално богатење на поединци од поранешната власт на сметка на осиромашените граѓани.
По криминалните стапки на Никола Груевски очигледно тргнале и дел од градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Доказ за тоа се пресудите против градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески кој е осуден затоа што работел на штета на општината и граѓаните, како и пресудата за градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов кој противзаконски со црни пари купувал гласови.
Против градоначалникот на Битола, Владимир Талески е покренато обвинение во случајот „Транспортер“ каде што тој е првообвинет за криминал тежок 360.000 евра.
Она што градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во најголем дел исполниле се наредбите на Никола Груевски заради коишто, дел од нив денес се соочуваат со кривична одговорност.
Граѓаните ја препознаваат разликата помеѓу нечесното криминално работење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и транспарентно и отчетно работење на новата Влада предводена од СДСМ во интерес на граѓаните.
На локалните избори, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе се соочат со својата политичка одговорност, а оние што работеле противзаконски и со кривична одговорност.
Скопје, 21.08.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА