fbpx

Трајановски да даде отчет за направените штети и украденото од граѓаните!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Плод на работата на Коце Трајановски е изгубениот сјај што Скопје некогаш го поседуваше како главен град на Република Македонија.

Граѓаните очекуваат Трајановски да даде отчет за криминалното нагрдување на центарот на градот со проектот Скопје 2014, кој однесе милиони евра граѓански пари за апсурдни барокни градби во услови кога илјадници граѓани беа оставени да живеат под прагот на сиромаштија.

Трајановски треба да даде отчет за бесрамните сечи на градското зеленило на повеќе локации низ градот што ги дозволи за нечии бизнис интереси со што предизвика дополнително загадување на воздухот во Скопје кое претставува закана по здравјето на скопјани.

Граѓаните на Скопје знаат дека Трајановски не направи ништо за нивните реални потреби.

Нема соодветни водоводни инсталации, нема енергетски фасади, поплави одзедоа човечки животи поради тоа што нема атмосферска канализација во сите делови на главниот град.

Затоа граѓаните на Скопје ќе изберат нова локална власт предводена од СДСМ што ќе работи ефикасно, домаќински и во интерес на сите граѓани.

 

Скопје, 21.08.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести