Соопштение за јавност
Хистеричното и неосновано ширење на лажни вести од страна на ВМРО-ДПМНЕ го потврдува нивниот страв од одговорноста што им следува за децениското нетранспарентно трошење на граѓанските пари, за милионските провизии и криминалните тендери направени на штета на граѓаните и буџетот на Р.Македонија како и за најгломазното и неконтролирано задолжување на граѓаните направено изминативе 11 години.
Неиздржани и лажни се обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за наводно трошење на девизните резерви. Станува збор за редовна пракса на плаќање на доспеаните рати од кредити и стари долгови направени од претходната власт преку единствената државна сметка.
Вистината е дека со домаќинско и одговорно работење во интерес на граѓаните Владата на Р.Македонија успеа да го намали јавниот долг за прв пат после 2008 година, да врати 3.9 милијарди денари за ДДВ кон фирмите и стопанството, да осигура ликвидност на буџетот, да обезбеди услови и средства за раст на минималната плата на 12.000 денари, да обезбеди средства за усогласување на пензиите со трошоците за живот, односно 2.160 денари повеќе годинава во џебот на секој пензионер,
Додека ВМРО-ДПМНЕ работи спротивно на потребите и интересот на граѓаните со ширење на лажни вести и хистерија, Владата на Р.Македонија ги реализира зацртаните реформи и дадените ветувања со што граѓаните директно чувствуваат ефекти на подобрување квалитетот на живот.
Скопје, 21.08.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА