fbpx

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со непоштедливата борба на државата со пожарите и со грижата на Николовски за земјоделците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Очигледно е дека на ВМРО-ДПМНЕ се повеќе му пречи успешната работа на министерот за земјоделство Љупчо Николовски и затоа постојано оди со глава во ѕид и продолжува со неоснованите напади и обвинувања кон него.

Граѓаните секојдневно го гледаат министерот Николовски на терен и знаат дека не се штедеа напори и средства во справувањето со пожарите. Земјоделците многу добро знаат кој ги зголеми субвенциите, кој ги исплаќа редовно и кој ја зголеми помошта за загуби од природни непогоди.

Граѓаните ја препознаваат разликата помеѓу неодговорното, коруптивно и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и отчетното, чесно и домаќинско работење на министрите од Владата предводена од СДСМ. Затоа, на локалните избори граѓаните ќе ги казнат деструктивните и манипулативни политики на ВМРО-ДПМНЕ и ќе изберат промена на локалните власти, а процесот на реформи ќе продолжи и на локално ниво.

 

Скопје, 14.08.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести