Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ 11 години го партизираше Министерството за внатрешни работи, го претвори во МВРО-ВМРО, се обидуваше да сокрие убиства и ја злоупотребуваше полицијата во пресметките со неистомислениците.
ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот што повеќе нема МВРО-ВМРО, што повеќе нема сокривање и бегање од одговорност. Напротив, МВР денес работи професионално, отчетно и ефикасно и секој оној кој постапувал незаконски ќе понесе одговорност без разлика на неговата етничка, религиска, партиска или каква било друга припадност, што се докажа и со експресното расветлување на случајот во Струмица.
Владата предводена од СДСМ започна процес на професионализација и ослободување на МВР и на останатите државни институции, со што тие стануваат вистински независен и професионален сервис на граѓаните.
Скопје, 14.08.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА