fbpx

ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваше граѓаните за луксуз и споменици, Владата предводена од СДСМ го намалува долгот и ја опоравува економијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ 11 години неконтролирано ги задолжуваше граѓаните, а парите од скапите кредити ги трошеше на луксуз, криминални тендери, споменици и лажен барок и на тој начин направи јавен долг од над 50% од БДП.

Наместо таквиот расипнички однос кон парите на граѓаните, Владата предводена од СДСМ одговорно управува со државните пари. Со празните обвинувања за наводно трошење на девизните резерви, ВМРО-ДПМНЕ покажува основно непознавање на управувањето со финансиите бидејќи се работи за плаќање преку единствената државна сметка на кредитите и доспеаните рати за стари долгови.

Преку одговорното управување на долговите, јавниот долг на државата денес е намален за прв пат по 2008 година.

Преку транспарентна и отчетна работа и преку значителна поддршка за домашното стопанство, Владата предводена од СДСМ, активно работи на обезбедување квалитетен животен стандард за граѓаните и опоравување на уништената економија. Парите на граѓаните повеќе не се трошат за палми, врби, споменици и панорамски тркала, туку за повиска минимална плата, за решавање на проблемот со стечајчците, за мерки за вработувањa и поголема помош за домашните претпријатија.

Скопје, 14.08.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести