fbpx

ВМРО-ДПМНЕ е против добрососедските односи, МНР работи ја зајакнува меѓународната позиција на Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Со поднесената интерпелација за министерот за надворешни работи Никола Димитров, ВМРО-ДПМНЕ останува заробена во минатото и политиките на поделби, изолација, раздор и конфликти со што продолжува да работи на штета на државните и интересите на граѓаните.

Со неоснованата интерпелација, ВМРО-ДПМНЕ докажува дека е против евро-атлантските интеграции и добрососедските односи и против решавање на отворените прашања, како што беше потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија.

Договорот помеѓу Република Македонија и Република Бугарија е целосно во согласност со националните интереси на нашата држава и во согласност со интересите на граѓаните на Македонија и на Бугарија. Договорот е основа за пријателство и взаемен успех на двете држави, а неговото потпишување е заеднички успех на сите досегашни влади и на сите граѓани. Целиот демократски свет го поздрави Договорот како значаен чекор во евро-атланстките интеграции и зајакнувањето на регионалната и меѓународна позиција на Македонија.

Залудни се сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ преку неиздржани интерпелации да се обидуваат да ја држат Македонија во изолација и да ги кочат реформите што носат добро за сите граѓани. Македонија оди напред. Преку посветената и отчетна работа на Министерството за надворешни работи и министерот, Македонија ги отвора евро-атлантските перспективи и ја зајакнува регионалната и меѓународна позиција, што ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја урнисуваше.

 

Скопје, 09.08.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести