fbpx

Костова за „Рацин“: СДСМ со обновено заедништво во одлучна борба против катастрофалните политики на Владата на ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Кристина Костова во интервју за порталот „Рацин“ истакна дека реформите и активностите во СДСМ се во насока на враќање на меѓусебната доверба, а тоа се остварува преку редовни средби со членството и слушање на она што тие имаат да го кажат.
Во изминатиов период ние, претставниците на раководството, остваривме средби со членовите во сите општински организации. Мојот впечаток е дека и покрај незавидниот резултат од 2024 година, нашите другарки и другари не се откажуваат и имаат волја за работа, рече Костова, додавајќи дека особено значајно во периодов кој следува да се формираат општински раководства кои произлегуваат од локалните партиски авторитети и се препознаени во нивните средини како доблесни и чесни социјалдемократи, кои никогаш не застраниле од социјалдемократските, па ако сакате и поконкретно – сдсмовски принципи, а и генерално морални и етички граѓански вредности
Костова нагласи дека е важно да се препознаат изворите на незадоволство кои придонесоа за поразот во 2024 година, но и да се преземат конкретни чекори за истите да бидат отстранети.
Меѓусебната доверба можеме да ја вратиме преку искрен пристап, прифатени сугестии базирани на издржана и конструктивна критика. Лошите практики да ги осудиме и да ги оставиме во минатото. Само така можеме повторно да ги освоиме поддршката и симпатиите на оние кои биле разочарани, па преку тоа обновено заедништво да се фокусираме на окуражување, охрабрување на членството и симпатизерите за одлучна борба против катастрофалните политики на Владата на ДПМНЕ, истакна потпретседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Кристина Костова во интервју за порталот „Рацин“.

Кристина Костова: Членството е силата на партијата, не само раководството

Последни вести