fbpx

ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири паника со невистини, Стратегијата за бегалците е продолжение на донесената во 2008 год.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во недостиг од идеи ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лаги со цел да создаде страв и вонзмиреност помеѓу граѓаните. Со тенденциозното ширење на лажни вести за наводно трајно населување на десетици илјади мигранти и нивно вработување, ВМРО-ДПМНЕ очајно се обидува да ги сокрие последиците од 11 годишното криминално владеење на централно и локално ниво.

Граѓаните да бидат спокојни. Македонија е декларирана како држава за транзит на бегалци, а со усвојувањето на Стратегијата се почитуваат меѓународните стандарди и Конвенцијата за правата на бегалци од 1994 година што Македонија ја има ратификувано.

Предлог Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 со која што денес ВМРО-ДПМНЕ ги плаши граѓаните е само продолжение на иста таква стратегија за периодот 2009–2015 година, донесена од тогашната Влада предводена токму од ВМРО-ДПМНЕ. Се работи за документ што служи како патоказ и нема обврзувачки акти кон кое било министерство или институција.

Граѓаните ги препознаваат манипулациите, на ВМРО-ДПМНЕ и затоа избраа нова Влада предоведна од СДСМ и реформи што носат живот за сите. Токму поради политиките на продуцирање поделби, насилство и конфликти, ВМРО-ДПМНЕ загуби на парламентарните избори и ќе загуби и на претстојните локални избори, по што општините ќе добијат нови, одговорни и чесни локални власти предводени од СДСМ и коалицијата што ќе работат во интерес на граѓаните.

 

Скопје, 07.08.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести