fbpx

ВМРО-ДПМНЕ да престане со неодговорната политика, Договорот за добрососедство е заеднички успех на сите досегашни влади

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ВМРО-ДПМНЕ треба да се надмине себеси и да престане со својата неодговорна политка и наместо тоа, да покаже одговорност и да дејствува во решавањето на отворените прашања, во унапредувањето на добрососедските односи и отворањето на евро-атлантските перспективи.

Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Македонија и Бугарија е основа за пријателство и взаемен успех на двете држави, а неговото потпишување е заеднички успех на сите досегашни влади, на сите партии и на сите граѓани. Затоа, особено важно е ВМРО-ДПМНЕ да покаже одговорност и да учествува во заокружувањето на процесот и да даде поддршка на Договорот.

ВМРО-ДПМНЕ треба да сфати дека политиката значи одговорност, а добрососедските односи се и треба да бидат врвен приоритет за Република Македонија и нејзините граѓани. Договорот помеѓу Република Македонија и Република Бугарија е во согласност со националните интереси на Република Македонија и одговара на интересите на граѓаните и на Македонија и на Бугарија. Со Договорот се реафирмира позицијата дека се работи за две посебни држави, два посебни народа и два посебни јазика, се затвора прашање што непотребно одвлекува внимание и енергија и се забрзува процесот на интеграција во ЕУ и НАТО.

Со потпишување на Договорот, Македонија станува држава пример за соработка во регионот и ја зајакнува меѓународната позиција што ВМРО-ДПМНЕ ја поткопуваше цели 11 години само за да ги оствари сопствените криминални интереси.

Скопје, 30.07.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести