fbpx

ВМРО-ДПМНЕ очајно се обидува да профитира на несреќата на граѓаните, институциите преземаат мерки за спречување на ширење на вирусот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ преку нивниот министер Никола Тодоров го урниса здравствениот систем и газеше врз достоинството на лекарите и пациентите. Водејќи се исклучиво од коруптивни и бизнис интереси и криминални тендери, ВМРО-ДПМНЕ и Тодоров здравствениот систем на Македонија го направија еден од најлошите и најсмртоносните во Европа.

Лицемерно и безобразно е опозициската ВМРО-ДПМНЕ во недостиг на идеи, да ја користи несреќата на граѓаните за очајно да се обидува да добие некаков политички поен. Криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ зад себе оставија урнисан здравствен систем, недостиг на современа опрема и медицински кадар, распаднати болници и здравствени домови, а тоа се покажа и во овој случај кога поради долгови и блокирани сметки Институтот за јавно здравје останал без реагенси и тие мораа да се позајмуваат од соседни земји.

Надлежните институции се вложија во справување со болеста, се преземаат неопходните мерки за превенција и спречување на повторна појава и натамошно ширење на вирусот. Институциите посветено и активно работат во функција на брзо и ефикасно решавање на проблемите наследени од ВМРО-ДПМНЕ и на подобрување на условите за живот на сите граѓани.

Скопје, 28.07.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести