Соопштение за јавност
Ребалансот на Буџетот и кратењето на непродуктивните трошоци за реклами и репрезентации се првите чекори кон остварување на економските мерки кои обезбедуваат поддршка за домашните претпријатија и зголемување на минималната плата на 12 000 денари и натамошен севкупен раст на платите за задоволни граѓани и мотивирани работници.
Остварувањето на предвидените мерки за повисока минимална плата ќе се реализира во интензивна соработка и солидарност помеѓу стопанствениците, работниците и државата, со крајна цел за севкупен раст на платите и повисок економски раст.
Со поддршката за домашните претпријатија, за прв пат во историјата работниците во кожарската, текстилната и индустријата за обувки нема да бидат дискирминирани и ќе земаат идентична минимална плата како и работниците во останатите индустрии. Покрај покачувањето на минималната плата, при вчерашната посета на Штип владината делегација најави дека ќе бидат ослободени финансиски средства за поддршка на проектот на владата за субвенционирање на годишните одмори на најниско платените работници, како и пакет на мерки со кои ќе се изедначат условите за работа на домашните со странските инвеститори.
Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев постојано се помеѓу граѓаните и работниците и за време на подготовка на мерките што носат подобар живот за сите и за време на нивната реализација.
Скопје, 22.07.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА